Инфо

Општина Карпош распиша оглас за субвенции на велосипеди и електрични тротинети

Субвенцијата за нов велосипед изнесува најмногу 3.000 денари, а за е-тротинет 5.000 денари

понеделник, 03 февруари 2020

Општина Карпош распиша оглас за субвенционирање нови велосипеди и електрични тротинети. Право да аплицираат на огласот имаат сите полнолетни граѓани на Карпош, кои ќе купат нов велосипед или е – тротинет започнувајќи од денеска, 3 февруари 2020 година.

Субвенцијата за велосипед ќе биде најмногу до 30 отсто од вредноста, но не повеќе од 3.000 денари, додека субвенциите за електричен тротинет кои се исто така до 30 проценти, нема да ја надминат сумата од 5.000 денари.

Секој што ќе учествува на огласот треба да достави фотокопија од лична карта, трансакциска сметка (фотокопија), како и фискална сметка за купениот велосипед или електричен тротинет не постара од 3. февруари. На огласот немаат право да улесѕвуваат оние жители на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција на огласот на Град Скопје

Субвенционирањето ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“, а исплатата на средства ќе биде по завршување на изборниот процес.

Ова е трета година по ред како Општина Карпош спроведува акција за субвенционирање велосипеди, а годинава за прв пат се стимулира и купувањето електрични тротинети.
 

Содржината е прочитана 180 пати.