Инфо

Горивата поевтинуваат од еден до два денари по литар

понеделник, 03 февруари 2020

Нафтените деривати поевтинуваат од еден до два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Најголемо намалување има на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за два денари и од ноќеска на полноќ литар дизел ќе се продава за 58,00 денари.

За 1,5 денари поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95 и новата цена ќе изнесува 66,00 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за еден денар и ќе изнесува 68,50 денари литар.

Поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и тоа за 1,50 денари, па новата цена ќе изнесува 47,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,473 денари по килограм со што еден килограм ќе чини 34,922 денари.
 

Содржината е прочитана 174 пати.