Инфо

Бензините поевтинуваат за три, а дизелот за 2,5 денари по литар

понеделник, 02 март 2020

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 денари литар.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45 денари.

За 3,175 денари поевтинува и мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 30,390 денари.
 

Содржината е прочитана 203 пати.