Инфо

Премините „Прохор Пчински” и „Рибарци” затворени за патници и возила

четврток, 12 март 2020

Од изутрината во седум часот се затворени граничните премини „Прохор Пчински“ и „Рибарци“ согласно насоките од Владата на Србија за состојбата со коронавирусот, поради што возилата и патниците од нашите граничните премини што сообраќаат таму ќе бидат пренасочени.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, сите патници и возила од преминот „Пелинце“ ќе се пренасочуваат на граничен премин „Табановце“ – „Прешево“, а тие од нашиот граничен премин „Голема Црцорија” – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 145 пати.