Инфо

Дизелот поевтинува за 6, а бензините за 7,5 денари

понеделник, 16 март 2020

Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на горивата. Со најновата одлука се врши рекордно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 14,54 проценти во однос на цените утврдени со последната одлука, одн осно, бензините ќе поевтинат за 7,5 денари, а дизелот за 6 денари од литар.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесуваат 54,50 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-95 и 56,50 денари литар ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48,50 денари за литар, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 37,50 денари литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 ден и еден килограм ќе изнесува 21,934 денари.
 

Содржината е прочитана 152 пати.