Инфо

„Визер“ автоматски ќе ги додаде кредитите од откажаните летови

Паралелно со воведувањето на автоматскиот процес на рефундација, авиокомпанијата привремено ќе ги оневозможи своите опции за онлајн регистрација најдоцна до 14 април 2020 година

вторник, 17 март 2020

Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувања на патувањата наметнати во борбата против ширењето на пандемијата Ковид 19, го автоматизираше процесот на рефундација на афектираните клиенти со автоматско поставување на 120 проценти од оригиналната цена во делот на Виз кредитите на сметките на своите клиенти.

„Паралелно со воведувањето на автоматскиот процес на рефундација, авиокомпанијата привремено ќе ги оневозможи своите опции за онлајн регистрација најдоцна до 14 април 2020 година за да се осигури дека може да се справи со откажувањата примени во последно време, чија бројка е зголемена повеќе од 100 пати. ’Wizz Air’ би сакал да ги увери сите свои клиенти дека дури и ако процесот потрае подолго од вообичаеното, сите побарувања ќе бидат решени и клиентите ќе имаат право на рефундација по откажаниот лет“, се вели во соопштението од авиокомпанијата.

Додека автоматскиот процес на враќање на готовина за туристички агенции се развива со висок приоритет, „Визер“ ги замолува туристичките агенции да го контактираат центарот за повици на авиокомпанијата.

Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ги контактираат компаниите преку кои ги купиле своите билети.

„Во овој исклучително невообичаен период ве замолуваме да ги користите нашите платформи за самопослужување, кои се наведени во електронските пошти за да се намали колку што е можно повеќе користењето на нашите центри за повици кои и онака се премногу зафатени“, наведуваат од авиокомпанијата.

 

Содржината е прочитана 174 пати.