Инфо

„Макпетрол“ донираше медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари

четврток, 19 март 2020

„Макпетрол“ донираше медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари за борба против коронавирусот.

„Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и светот се соочува со последиците од пандемијата со новиот коронавирус, ’Макпетрол АД’ како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот КОВИД-19 не можеме да се бориме како индивидуи, туку заедно како општество. Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација. Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате! ’Макпетрол АД’ е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против коронавирусот. Јавното здравје е заедничка одговорност!“, се вели во соопштението на компанијата.
 

Содржината е прочитана 167 пати.