Инфо

Горивата поевтинуваат од од три до пет денари

понеделник, 23 март 2020

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од три до пет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар „Еуросупер БС-95“ поевтинува за пет денари и малопродажната цена ќе изнесува 49,50 денари литар, додека „Еуросупер БС-98“ поевтинува за 4,5 денари и ќе чини 52,00 денари литар.

Цената на „Еуродизелот“ се намалува за 3 денари, и еден литар ќе чини 45,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 34,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,195 денари по килорам и ќе изнесува 18,738 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 138 пати.