Инфо

Хотел „Stone Bridge“ меѓу првите кои што одговорија на повикот на Владата

City Plaza групацијата, која е сопственик на хотелите „Stone Bridge“ и „Double Tree by Hilton“ реши доброволно да ги отстапи капацитетите на хотелот „Stone Bridge“ за оние лица кои поради корона вирусот се препраќаат во карантин под надзор на Министерството за здравство

понеделник, 23 март 2020

Хотелот „Stone Bridge“ во Скопје ги отстапи своите капацитети за карантин за оние кои ќе бидат изолирани поради корона вирус. По објавувањето на јавниот повик од страна на Владата хотелите во државата да ги отстапат своите капацитети за полесно справување со заразата, сопствениците на хотелот „Stone Bridge“ експресно се одзваа на повикот.

City Plaza групацијата, која е сопственик на хотелите „Stone Bridge“ и „Double Tree by Hilton“, реши доброволно да ги отстапи капацитетите на хотелот „Stone Bridge“ за оние лица кои поради корона вирусот се препраќаат во карантин под надзор на Министерството за здравство.

Првите лица веќе почнаа да се сместуваат во хотелот. Од таму велат дека се преземени сите безбедносни мерки за заштита и превенција на персоналот на хотелот, како и на самите простории што се отстапуваат.

„Нашите објекти се ставени на располагање на државата, бидејќи решивме да излеземе во пресрет и да бидеме иницијатори за сите останати објекти да го следат нашиот пример, со цел полесно да се справиме со новонастанатата криза и да го дадеме својот придонес во борбата против корона вирусот“, изјави Даниела Адемоска, сопственик на хотел „Stone Bridge“.

Хотелот се наоѓа во центарот на Скопје, на одлична локација која нуди пристапност за влез на сите медицински екипи и пациенти.

„Со ова, ’Stone Bridge’ покажа општествена одговорност и понуди помош за државата во моменти на тешка здравствена криза кога целиот свет е соочен со заканата од корона вирусoт, COVID-19. Воедно, хотел ’Stone Bridge’ упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките од Министерството за здравство, бидејќи само така ќе ја победиме оваа битка“, велат од менаџмнтот на хотелот.

 

Содржината е прочитана 164 пати.