Инфо

Град Скопје нема да врши присилна наплата на данокот на имот за време на кризата

четврток, 26 март 2020

Градот Скопје ги информира граѓаните дека нема да презема никакви дополнителни мерки кон даночните обврзници со присилна наплата на данокот на имот и на фирмарината. Оттаму потенцираат дека решенијата за данок на имот и фирмарина коишто сега поштенски пристигнуваат на адресите на граѓаните биле испратени пред да се случи епидемијата со коронавирусот во нашата држава, но поради новонастанатата состојба, за што јавноста беше навремено информирана.

„Градот Скопје, согласно со одредбите на Законот за даноци на имот и Законот за комунални такси на почетокот на месец март како и секоја година почна со процесот на достава на решенијата за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на град Скопје, како и решенијата за комунална такса-фирмарина до сите правни лица регистрирани на територијата на град Скопје. Истовремено, се доставија и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници кои не го подмириле долгот за 2019 година, но по кои нема да се постапува се додека важат препораките на Владата“ велат од Град Скопје.
 

Содржината е прочитана 194 пати.