Инфо

Викендов почнува летното сметање на времето

Во недела на 29 март стрелките на часовникот во 2 часот по полноќ треба да се поместат еден час нанапред со што ќе се смета дека е 3 часот

петок, 27 март 2020

Летното сметање на времето ќе почне во недела, на 29 март во 2 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, па наместо 2 ќе се смета дека е 3 часот.

Летното сметање ќе заврши во последниот викенд во октомври, поточно на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе може сама да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Државите кои ќе одлучат трајно да останат на летното сметање на времето треба тоа да го сторат во последната недела во март 2021 година, а оние, пак, кои ќе го прифатат зимското сметање како трајно, ќе треба последен пат да го наместат часовникот во последната недела од октомври 2021 година.

 

Содржината е прочитана 132 пати.