Инфо

Маркетите dm со променето работно време

Маркетите dm за време на викендот ќе бидат отворени до 14,30 часот, а во работните денови од понеделник до петок, пак, продажните објекти на dm, вклучително и во трговските центри во најголем дел се отворени до 19 часот

петок, 27 март 2020

Маркетите dm за време на викендот ќе работат со променето работно време и ќе бидат отворени до 14,30 часот. Во работните денови од понеделник до петок, пак, продажните објекти на dm, вклучително и во трговските центри во најголем дел се отворени до 19 часот.

Поединечните работни времиња на секој продажен објект можат да се пронајдат на официјалната веб-страница на компанијата www.dm.mk или на линкот dm.mk/prodavnici

Ваквите промени се во согласност со мерките и препораките од страна на Владата за заштита од ширење на коронавирусот. Од компанијата соопштуваат дека работното време на сите дрогерии редовно ќе се ажурира во согласност со новите одлуки.

Инаку, сите dm дрогерии продолжуваат да ги задоволуваат секојдневните потреби на граѓаните во делот на храна и производи за нега на бебиња, органска храна, сертифицирана безглутенска храна и додатоци во исхрана, производи за лична хигиена како и производи за чистење и дезинфекција.

„Со цел зачувување на јавното здравје, компанијата „dm drogerie markt“ ќе продолжи да работи исполнувајќи ги сите препорачани безбедносни стандарди кои подразбираат зголемено одржување и редовна дезинфекција на сите продажни објекти како и на централата. Покрај тоа во самите продажни објекти е укинато користењето тестери од производите, како мерка на претпазливост повлечени се сите печатени материјали, поставени се бележници за одржување на растојание на подот, а воедно истакнати се и известувања за пропишаните препораки и мерки за превенција, со цел спречување на понатамошно ширење на коронавирусот. Вработените во dm дрогериите носат ракавици и заштитни маски, со цел да обезбедиме дополнителна заштита за самите нив, но и за потрошувачите. Дополнително, на сите каси во dm дрогериите се поставени заштитни прегради како дополнителна превентивна мерка“, се вели во соопштението од компанијата.

 

Содржината е прочитана 163 пати.