Инфо

НЛБ Банка ја одложи исплатата на кредитите до шест месеци

Во текот на следните неколку дена деталната понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката и ќе биде дистрибуирана и комуницирана со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација

петок, 27 март 2020

НЛБ Банка ја одложува отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година. Истовремено овозможува рефинансирање на постоечките кредити, одобрува нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот.

Ваквата одлука, како што соопштуваат на Банката е согласно Уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите, а е донесена со цел надминување и ублажувње на негативните ефекти од кризната ситуација.

И за правните лица ќе бидат понудени неколку опции, кои ќе биат усогласнеи со секое правно лице поединчено во зависност од природата на потребата. За нив НЛБ Банка нуди можност се одложување на отплатата на кредитот од три до шест месеци заклучно со 30 септември оваа година, можност за рефинансирање, а има и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај компаниите кои се најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

Деталите со конкретните услови во текот на следните неколку дена ќе бидат официјално објавени од страна на Банката, а ќе Банката ќе комуницира со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација.

„Новите кредитни олеснувања што ги нуди Банката се во согласност со активностите на НБРСМ, Владата, како и во координација со останатите членки на МБА, но, пред се, ќе бидат директен одговор на економските предизвиците кои ги донесе COVID-19 кризата како кај граѓаните, така и кај фирмите. Свесни сме за комплексната ситуација во која се најдоа нашите клиенти и воопшто целата економија во државата и светот. Наша задача е да застанеме пред овие предизвици, да ги заштитиме нашите клиенти и во најбрз можен рок да дадеме одговор со кој ќе им го олесниме справувањето со кредитните долгови и одржување на нивните бизнис модели“, велат од НЛБ Банка.

 

Содржината е прочитана 207 пати.