Инфо

Затворени стоматолошките ординации, работат само 21 во цела држава

Скопје ќе го покриваат само три служби, по една во Аеродром, Чаир и во Ѓорче Петров. Освен во Скопје вакви служби ќе има и во Охрид, Струга, Гостивар, Липково, Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Виница, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Кичево, Пробиштип, Крива Паланка, Пехчево и во Куманово

вторник, 31 март 2020

Затворени се сите стоматолошки клиники и ординации, а ќе работат вкупно само 21 служба низ целата држава.
Скопје ќе го покриваат само три служби, по една во Аеродром, Чаир и во Ѓорче Петров. Освен во Скопје вакви служби ќе има и во Охрид, Струга, Гостивар, Липково, Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Виница, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Кичево, Пробиштип, Крива Паланка, Пехчево и во Куманово.

На заболекар ќе се оди само доколку е итно, секоја друга интервенција ќе мора да почека да помине кризната состојба. Како итни стоматолошки услуги се наведени силната постојана забоболка која не поминува ниту со лекови, акутна инфекција изразена преку отоци, тешко отворање на уста и зголемена телесна температура, поголеми крварења кои не сопираат повеќе денови, како и скршеници на заби и вилици.

Во градовите каде што нема услови за работа во вонредни околности во здравствените установи работата ќе ја преземат приватните стоматолози.

Сите стоматолози кои што нема да работат се должни да бидат на располагање на пациентите преку телефон или електронска комуникација за време на работното време во кое работи ординацијата, но и да бидат подготвени веднаш да се вклучат во системот на итни стоматолошки служби.

 

Содржината е прочитана 161 пати.