Инфо

Владата ќе побара дозвола од ЕУ за парите од ИПА-програмите да ги пренамени за справување со коронакризата

вторник, 31 март 2020

Владата на синоќешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за привремена пренамена на расположливите ИПА-средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА-програмите во буџетот, во функција на справување со кризата поради вирусот ковид-19, соопшти владината прес-служба.

„Владата го задолжи Министерството за финансии да побара одобрување од соодветните служби на Европска комисија за привремено користење на преостанатите салда на ИПА-средства од програмите ТАИБ 2009, ТАИБ 2010, ТАИБ 2011 и ИПА Компонентите III, IV и V, со цел справување со кризата. По добиената согласност од страна на Европската комисија, Министерството за финансии ќе ги префрли средствата на соодветни сметки кои ќе бидат наменети во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот ковид-19“, се вели во соопштението.

Министерството за финансии треба да ги врати средствата позајмени од буџетот по завршување на кризата, во рок и согласно насоките кои ќе се добијат од Европската комисија.
 

Содржината е прочитана 161 пати.