Инфо

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Македонија како и земјите - членки на ЕУ ќе добие дел од средствата на Европскиот солидарен фонд кои ќе бидат распределени за справување со корона кризата

четврток, 02 април 2020

Македонија ќе може да користи средтства од Евроспкиот солидарен фонд за полесно да се справи со коронавирусот.

„Северна Македонија доби пристап до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат соодветно распределени средствата за солидарно справување со предизвиците од КОВИД 19“, потврдил еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји во видео разговор со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Како што информираше Османи, со еврокомесарот разговарале за активностите што македонската Влада и Координативниот штаб ги преземаат во борбата со епидемијата, како и за можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ.

„Итната помош од четири милиони евра, но и ослободувањето на преку 60 милиони евра од ИПА-средствата за справување со социо-економските предизвици претставуваат значајна помош од стана на Европската унија. Особено радува фактот што земјата станува дел и од заедничкиот европски механизам за заштита од КОВИД 19 преку учество и во заедничката набавка на ЕУ за медицински средства за оваа намена“, рече вицепремиерот Османи.
 

Содржината е прочитана 191 пати.