Инфо

Запрена работата на извршителите до 30 јуни

четврток, 02 април 2020

Извршителитеги запираат сите извршни дејствија до крајот на јуни. Во Слубен весник е објавена Уредбата со која се суспендира, односно, се стопира Законот за извршување до 30 јуни, поточно, додека вонредната ситуација поради корона вирусот.

Работодавaчите на должниците, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите до 30 јуни. За поднесените приговори, основните судови се должни да донесат решенија, а Апелационите судови да одлучат по поднесените жалби против тие решенија.

Извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка, распределбата на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови, дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Покрај тоа извршителите ќе можат да примаат само барања за извршување и електронско евидентирање во Уписникот за примени барања за извршување, да изготвуваат барања за податоци и информации за испитување на економската состојба на должниците и електронска достава до институциите, да изготвуваат налози за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот и да изготвуваат налози за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

 

Содржината е прочитана 154 пати.