Инфо

Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за еден денар по литар

понеделник, 06 април 2020

За половина до еден денар по литар се намалуваат малоподажните цени на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. За 0,50 денари по литар ќе поевтинат бензините, дизелот за еден денар, додека екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денар по литар.

Од ноќеска на полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 48 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 50 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 45 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 33,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,921 денари за килограм во однос на цената утврдена на 30 март со што новата цена ќе изнесува 17,970 денари за килограм.

 

Содржината е прочитана 139 пати.