Инфо

Град Скопје ја намали фирмарината за 2020 година

На оние кои веќе платиле, претплатените средства или ќе им бидат вратени, или ќе им се префрлат за идната година

среда, 08 април 2020

Град Скопје ја намали комуналната такса за фирмите за 2020 година. Советниците ја донесоа ваквата одлука за да им олесни на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на сите 10 скопски општини. Измената на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје, односно намалената фирмарина важи почнувајќи од 1 јануари 2020 година.

Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници кои сѐ уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година, да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ, како што следи:

а) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност -1.300,00 ден.

б) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ - 350,00 ден

в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите - 4.000,00 ден

- продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите - 2.000,00 ден

- деловни простории на правни лица од комуналните дејности - 2.000,00 ден

- деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат повремено - 2.000,00 ден

Оние кои веќе ја платиле фирмарината и тоа со целосниот износ наведен во решението, уплатениот износ кој ја надминува новоформираната цена за фирмарина Градот ќе го префрли за наредната година, или, дополнителните средства ќе бидат вратени доколку обврзникот го побара тоа, но по завршување на вонредната состојба.

Од Град Скопје уште еднаш информираат дека додека трае вонредната состојба нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

 

Содржината е прочитана 160 пати.