Инфо

Автобуски превоз во Скопје само од 5-9 и од 13-16 часот

Автобусите ќе сообраќаат само во период кога граѓаните одат и се враќаат од работа

четврток, 09 април 2020

Јавниот градски превоз во Скопје од денеска функционира по посебен возен ред според кој автобуси ќе има само наутро и рано попладне кога граѓаните одат и се враќаат од работа.

Тоа значи дека во работните денови автобуси ќе има само од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот, додека во меѓувреме, во периодот од 9 до 13 часот воопшто нема да сообраќаат ниту автобусите на ЈСП, ниту на приватните превозници.

Поради полицискиот час автобуски превоз нема воопшто да има за викендите.

 

Содржината е прочитана 141 пати.