Инфо

Општина Карпош објави кои продавници и аптеки ќе работат претстојниот викенд

петок, 10 април 2020

Општина Карпош објави кои маркети, продавници и аптеки ќе работат претстојниот викенд за време на полицискиот час, а кои претходно аплицирале на Јавниот повик на локалната самоуправа. Притоа се дадени и телефоните на кои граѓаните ќе можат да се јават и да побараат достава.

За време на викендот ќе работат и други ресторани и локали кои ќе вршат пица достава и слично, но Општината ги објавува локалите кои можат да обезбедат неопходни продукти за секое домаќинство.

МАРКЕТИ/ПРОДАВНИЦИ

• ВЕРО МАРКЕТ: 075 / 488-129 и 075 / 499-782 (врши достава)
• ДЕНИС ФРЕШ (овошје и зеленчук): 070 / 210-533 (врши достава)
• СТАРИ КОМЕРЦ (колонијал): 071 / 575-414 (врши достава)
• ТАЦ МАЦ (колонијал): 070 / 357-577 (врши достава)
• БАРДИ ТРЕЈД (реон Бардовци): 075 / 582-525

АПТЕКИ

• ЗЕГИН: 078 / 214-892 (врши достава)
• ЕУРОФАРМ: 02/ 55 14 580

Општина Карпош преку урбаните заедници постави известувања на влезовите од зградите, на неколку маалски продавници, маркети и аптеки кои ќе вршат достава на неопходни продукти за време на викендот.

Градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат дома и да не ја злоупотребуваат поддршката од маркетите и аптеките.
 

Содржината е прочитана 175 пати.