Инфо

Бензините поскапуваат половина денар, дизелот со иста цена

понеделник, 13 април 2020

За половина денар поскапуваат бензините, додека дизелот останува со иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 48,50 денари за литар, а на „Еуросупер БС-98“ ќе биде 50,50 денари за литар.

Цената на дизелот останува непроменета, односно и оваа недела литар дизел ќе чини 45 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 33 денари литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 денари за килограм и ќе изнесува 20,106 денари еден килограм.

 

Содржината е прочитана 135 пати.