Инфо

За три денари зголемена цената на акцизата на нафтените деривати

Со оваа мерка се обезбедуваат средства за редовно сервисирање на бузетските потреби во вонредна состојба

вторник, 21 април 2020

Цената на акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари, објави владиниот портпарол Мухамет Хоџа.

Владата денеска донесе Уредба за примена на Законот за акцизите за време на вонредната состојба со која се пропишува износот на акцизата на безоловен бензин со содржина на олово од 0.013 грама на литар и на дизел гориво.

„Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со вирусот Ковид-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби во вонредна состојба. Зголемувањето на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски имликации за правните субјекти и населението, со оглед на големиот пад на цената на нафтата. Предложениот механизам овозможува постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на пазарот“, рече Хоџа и појасни дека со зголемување на акцизата за три денари, до септември ќе се покријат околу 18 милиони евра, а до декември до 31 милион евра.

Тој потенцираше дека Македонија има најниска цена на акцизата во однос на други земји од регионот.

 

Содржината е прочитана 139 пати.