Инфо

Бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот за 1,5 денари по литар

вторник, 21 април 2020

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 3,5 денари за литар, додека на дизелот за 1,5 денар по литар.

Регулаторната комисија за енергетика ја определи цената на горивата откако Владата донесе одлука за три денари да ја зголеми акцизата на нафтените деривати

Со тоа литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по цена од 52 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 по 54 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 46,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапи за еден денар за литар и ќе се продава по 34 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,983 денари за килограм и ќе чини 19,123 денари за килограм.

 

Содржината е прочитана 142 пати.