Бизнис вести

Ексклузивни третмани во фризерско-козметичкото студио „Жанета Естетик“

Жанета Џафер, генерален менаџер и основач на фризерско козметичко студио „Жанета Естетик“ од Скопје е една од топ 10 најуспешни жени менаџери за 2019 година од изборот на агенција „Марили“

понеделник, 27 април 2020

Ви ја претставуваме Жанета Џафер генерален менаџер и основач на фризерско-козметичкото студио „Жанета Естетик“ од Скопје, како една од топ 10-те најуспешни жени менаџери за 2019 година од изборот на агенција „Марили“.

Погледнете го нејзиното промотивно видео во кое го претставува својот салон со ексклузивните третмани направени во прекрасен амбиент. Таа е жена менаџер, претприемач и лидер која пред 30 години смело го започна својот бизнис и неуморно го гради со сите современи обележја до ден денес.

„Жанета Естетик“ е меѓу првите приватни бизниси кои се занимаваат со козметологија и еден од првите козметички салони во Македонија. Но, овој салон за убавина е препознатлив и надвор од државата, особено по работата со проблематични лица каде што е потребна подлабока нега, но и посветеност.

„Жанета Естетик“ за своето работење се здоби со Сертификат за квалитет EUMK, а ја поседува и наградата „Златна маска“ за врвни достигнувања во медицинската козметологија.

Верните клиенти се најдобар доказ за нејзиното континуирано и квалитетно работење во изминатите три децении.
 

Содржината е прочитана 867 пати.