Инфо

Од утре поскапува бензинот, дизелот поевтинува

понеделник, 04 мај 2020

Од половина до еден денар поскапуваат бензините од утре, додека дизелот поевтинува за 0,50 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денар по литар и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 50,50 денари литар. Бензинот Еуросупер БС-98 поскапува за 0,50 денари и литар ќе чини 52,50 денари, додека Еуродизел (Д-Е V) ќе поскапи за половина денари и ќе се точи по цена од 42,00 денари за литар.
 

Содржината е прочитана 166 пати.