Инфо

Од утре горивата поскапи за 3,50 денари

понеделник, 11 мај 2020

Од утре горивата поскапуваат за 3,5 денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 отсто.

Со тоа од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по 54,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 56,00 денари, додека литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 45,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 33,5 денари, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,026 денари и еден килограм ќе чини 18,169 денари.
 

Содржината е прочитана 157 пати.