Инфо

Србија на 1 јуни ги отвора границите за четири земји меѓу кои и Македонија

Странците кои ќе сакаат да влезат о Србија ќе мора да имаат одобрение издадено од владина комисија и ПЦР тест не постар од 72 часа

среда, 13 мај 2020

Србија од 1 јуни ќе ги отвори своите граници со четири околни земји, Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора пр што граѓаните од овие држави за да влезат во Србија ќе треба да имаат одобрение и ПЦР тест не постар од 72 часа.

„Четирите земји што не припаѓаат на ЕУ имаат слична ситуација како кај нас, а вирусот се гаси таму. Ризикот од инфекција е минимален, како што е сега кај нас. Вирусот сè уште циркулира, а останува на луѓето да се заштитат себе си и на својата одговорност да ги почитуваат мерките што ги донесевме“ рече епидемиологот д-р Предраг Кон.

Притоа тој детално ги запозна сите оние кои сакаат да влезат во Србија со потребната документација и процедура.

„За овие четири земји, странците мора да имаат одобрение од владина комисија, истото се добива во нашите амбасади во странство и со тоа одобрување мора да имаат и ПЦР тест не постар од 72 часа. Тоа е сегашниот режим кон странците. И нашите државјани, исто така мора да имаат направено тест и во тој случај не треба да одат 14 дена во самоизолација. А, доколку немаат тест, тогаш тие ќе треба да спроведат самоизолација“, појасни д-р Кон.

За децата помлади од 12 години нема да се бара тест, бидејќи како што рече, мала е веројатноста тие да заболат од оваа болест.

 

Содржината е прочитана 145 пати.