Инфо

Приклучокот за парно се намалува 37 отсто

среда, 20 мај 2020

Прилучокот за парно греење се намалува за 37 отсто, одобри Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги. Со тоа цената на приклучок наместо 3.180 денари ќе изнесува 2.000 денари.

„Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се одобруваат мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија подготвени од дистрибутерот, со што практично се намалува надоместокот за приклучување кон системот на топлинска енергија од 3.185 ден./kW на 2.000 ден./kW. Со оглед на фактот дека претходно е намален и трошокот за приклучување на електрична енергија од 30.255 денари на 22.745 денари, очекувам инвеститорите на новите згради овој тренд на намалување да го пресликаат соодветно при формирањето на цената за квадратен метар. Пониската давачката за приклучок за греење на градското парно треба да биде мотив за инвеститорите да бидат поконкурентни во цените и да покажеме заеднички дека имаме цел греењето да се префли кон еколошките енергенти. Овие чекори се само увертира кон крајната цел, а тоа е градот да биде мапиран прецизно каде ќе се грее на електрична енергија, топлинска енергија и на природен гас“, рече Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во измените е предвидено посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на системот за дистрибуција, што досега го носеше самостојно операторот, дополнително да биде одобрен од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

„Во следниот период сите нови објекти што ќе се приклучуваат на системот за топлинска енергија е потребно да имаат вградено уреди за локално распределување на топлинската енергија. Оваа можност да се има регулација колку е потрошена топлинска енергија соодветно на потребите на станарите, ќе ги направи објектите поатрактивни од економски и еколошки аспект“, рече Бислимоски.

 

Содржината е прочитана 139 пати.