Инфо

Горивата поскапуваат од 2,5 до 3 денари литар

вторник, 26 мај 2020

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,5 отсто, со што горивата поскапуваа од 2,5 до 3 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „Еурсупер 95“ се зголемува за три денари и од ноќеска на полноќ ќе се продава по 57,50 денари литар. „Еурсупер 98“, како и „Еуродизел“ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поксапуваат за 2,50 денари за литар со што „Еурсупер 98“ ќе чини 59,50 денари литар, дизелот 49,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тоа за 3,929 денари за килограм и сега ќе изнесува 23,427 денари килограм.
 

Содржината е прочитана 143 пати.