Инфо

Лични карти и пасоши скопјани ќе може да вадат од 7,30 до 20 часот

Во дисперзираните канцеларии во Бутел и Драчево работното време од понеделник до петок ќе биде од 10 до 18 часот

четврток, 28 мај 2020

Скопјани ќе можат да вадат лични документи секој работен ден од 7,30 до 20 часот. Со оглед на зголеменото аплицирање за лични документи, а имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори се воведува ново работно време во Одделението за управни работи во Скопје, како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје.

Од МВР соопштуваат дека од денеска секој работен ден од понеделник до петок, работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ, како и дисперзираните канцеларии во „Беко“ и Ѓорче Петров ќе биде со почеток од 7,30 часот до 20 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во Бутел и Драчево работното време од понеделник до петок ќе биде од 10 до 18 часот.

 

Содржината е прочитана 122 пати.