Инфо

Од 1 јуни дозволен влез на македонски граѓани во Црна Гора, Хрватска и натаму затворена за нас

петок, 29 мај 2020

Од 1 јуни македонските граѓани ќе можат да летуваат во Црна Гора, откако надлежните во оваа држава синоќа ја обновија листата на земји чии граѓани ќе можат да влезат на нејзина територија од 1 јуни. Правилото според кое се водат црногорските власти за дозвола за влез е да има помалку од 25 заразени со Ковид-19 на 100.000 жители во соодветната земја или во земјата преку која посетителот влегува во Црна Гора.

Границите ги отвори и Хрватска, но за граѓаните од Македонија рампата останува спуштена и натаму. Во Хрватска сега можат да влезат туристи само од 10 земји и тоа: Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ рече дека согласно промените на состојбата со епидемијата во разни земји ќе се менува и утврдениот список на држави од каде ќе биде дозволен влез на туристи.

Инаку, за македонските граѓани остануваат затворени границите и на Словенија.

 

Содржината е прочитана 246 пати.