Инфо

Од 1 јули со „Виз Ер“ Салцбург – Скопје по цена од 19,99 евра

понеделник, 01 јуни 2020

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ од 3 јули воведува нова линија Салцбург- Скопје.

Летовите од Скопје кон Салзбург ќе бидат секој понеделник и петок, а почетната цена, како што може да се забележи на вебсајтот на „Виз Ер“, е 1.230 денари. Летовите од Салзбург за Скопје засега чинат нешто над 3.000 денари.
Авионот од Меѓѓународниот аеродром Скопје ќе полетува во 18:50 часот, а летот трае 110 минути.

Како што е објавено, од јули, со новите линии на „Виз Ер“ од Салцбург ќе може да се патува и до Ларнака, Киев, Букурешт, Белград и Тузла.

„Виз Ер“ најавува и дека во функција на заштита на здравјето на патниците и екипажот компанијата вовела нови протоколи според кои за време на летот и патниците и екипажот треба да носат маски на лицето, а екипажот треба да носи и ракавици. Исто така, авионите редовно се чистат со специјален антивирусен раствор и дополнително се дезинфицираат ноќе.
 

Содржината е прочитана 144 пати.