Инфо

Горивата поскапуваат од еден до денар и половина

понеделник, 08 јуни 2020

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,23 проценти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, што значи дека од ноќеска на полноќ горивата ќе поскапат од еден до денар и половина за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар од литар, со што ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 58,00 денари, додека литар дизелот ќе се продава по 50,00 денари.

За 1,50 денари по литар се зголемуваат малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), па малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 39,00 денари литар.
 

Содржината е прочитана 125 пати.