Инфо

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар за литар

понеделник, 15 јуни 2020

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со најновата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 отсто со што малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар по литар.

Тоа значи дека од ноќеска еден литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 59,5 денари, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по цена од 61,5 денари литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 51 денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40 денари за литар.

Со одлукаата на РКЕ за 0,273 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 24,886 денари.
 

Содржината е прочитана 109 пати.