Инфо

Горивата поскапуваат за еден денар од литар

понеделник, 22 јуни 2020

Mалопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во прoсек за 1,96 отсто, што значидека д ноќеска на полноќ горивата ќе поскапат за еден денар од литр, одлучи Регулаторната комисија.

Со тоа, од полноќ цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари литар, Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 52 денари литар, додека Естра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 41 денар за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 денари и ќе изнесува 25,396 денари за килограм.

Поскапувањето е резултат на зголемувањето на референтните цени на сите нафтени деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.
 

Содржината е прочитана 100 пати.