Бизнис вести

Битиќи: „Владата е отворена за сите конструктивни предлози од бизнис-секторот“

понеделник, 07 септември 2020

Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис-секторот, а во насока на креирање политики, проекти и мерки за создавање нова развојна и одржлива економија на нашата земја, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи на средбата со делегацијата на Сојузот на стопански комори предводена од претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Битиќи потенцираше дека во фокусот на Владата е креирање сеопфатен и квалитетен четврт сет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, кој најдобро ќе ги рефлектира потребите на најпогодените групи за надминување на предизвиците од социо-економската криза предизвикана од Ковид-19.

„Поддршката на микро, малите и средни компании кои се најважниот дел на нашата економија ќе биде значителна, а особен фокус е ставен токму на оние сектори кои се најпогодени од кризата“, рече вицепремиерот и дополни дека активно се работи на мерки со кои ќе се поддржуваат стартап-компаниите и ќе се креираат мерки за поддршка за технолошки развој и воведување иновации на сите компании, со цел да се подигне конкурентноста на фирмите на домашниот и на меѓународните пазари.
 

Содржината е прочитана 66 пати.