Бизнис вести

Град Скопје почнува со присилна наплата на данок на имот и на фирмарина

среда, 23 септември 2020

Град Скопје започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

Во март годинава Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Градот. Бидејќи рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, надлежните изготвија решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до обврзниците.

„Укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите обврски. Напоменуваме дека доколку не се постапи по ваквото решение, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки“, информираат од Град Скопје.

 

Содржината е прочитана 110 пати.