Бизнис вести

„Арс Луцида“ направи револуција и еволуција и дигитализација на духовноста

Согласно сите протоколи за дистанцирање и безбедност за сите, одговорните одлучија поголемиот дел од обуките и работилниците да ги префрлат онлајн

петок, 02 октомври 2020

Следејќи ја енергијата на септември и овој месец во „Арс Луцида“ продолжуваме со полна пареа.
Подготвуваме 4 многу интересни настани на кои ве очекуваме со радост!

Имено, во изминатиов период глобалната состојба не поттикна да направиме еден голем чекор многу битен за нашата работа, а од друга страна корисен за нашите клиенти.

Направивме целосна платформа со која поголемиот дел од нашите производи и услуги ги префрливме онлајн.
„Арс Луцида“ направи револуција и еволуција и дигитализација на духовноста.

Сето тоа е овозможено преку неколку дигитални алатки, меѓу кои е и нашата електронска продавница: www.shop.arslucida.mk

Согласно сите протоколи за дистанцирање и ваша и наша безбедност, одлучивме поголемиот дел од обуките и работилниците да ги префрлиме онлајн.

*************************************************************************************

Првиот викенд од октомври (03-04.10) ни е посветен на: Soul Healing – онлајн работилница

Ова е работилница која ќе ве подмести, исчисти и отвори за чувството на внатрешен мир, дури и восхит со самите себеси. Ќе се вратите во својот дом. Во своето срце. Во себе.

Теми на работилницата:
Дел 1: Енергија и тело
Дел 2: Емоции и карма
Дел 3: Ум
Дел 4: Дух
Дел 5: Коучинг
Дел 6: Креација

Ние, луѓето сме комплексни вибрациони битија, кои често, од момент во момент одат во екстреми во секој поглед. Балансирањето на екстремите е клучно за постигнување стабилност и хармонија.

Екстремите се наше секојдневие. Нив ги диктираат слоеви и слоеви повеќе несвесни отколку свесни содржини: емоции, мисли, кармички обрасци, душевни состојби. Нè возат низ животниот rollercoaster, а ние и не знаеме дека се возиме. Уште повеќе, уживаме во возењето, мислејќи дека живееме.

И можеби една од најинтересните и возбудливи обуки, каква што досега не е направена во Македонија, прва од овој тип, е Обуката за регресотерапевти, наменета за сите оние на кои им лежи на срцето работа со несвесното.

Еден сигурен начин кој нѝ овозможува увид во несвесното е ИНДИВИДУАЛНАТА НЕХИПНОТИЧКА РЕГРЕСИЈА.
Но, прашањето е што ние знаеме за луѓето и како со нив комуницираме, работиме или постигнуваме резултат кој тие го посакуваат?

Основата на ваквите процеси не лежи потполно во техниката, туку во способноста на терапевтот или практичарот да владее со себе и со ситуацијата, да управува со себе и со процесот низ длабоко разбирање и нуркање низ суптилните светови на клиентите.

Затоа ве покануваме на првата и до сега единствена обука за регресотерапевти.

Првиот Модул почнува на 17 и 18 овој месец, а следат уште два модули до комплетно завршување на обуката.
За подетални информации за оваа обука ви стоиме на располагање или можете повеќе да прочитате во настанот
Обука за регресотерапевти.

*************************************************************************************

Следната работилница во „Арс Луцида“ за која до сега има многу интерес е Медитација на Душата- Онлајн Работилница што ќе се одржи на 24 и 25 октомври.

Овие два дена со Елена Ашвини Антоновска ќе бидат посветени на целосно проширување на свеста. Сигурно се прашувате зошто? Затоа што може да дадеме одговор од најосновните, па сѐ до најважните прашања за секоја личност:
• Кој сум јас?
• Од каде доаѓам и каде одам?
• Што е душа? И како се чувствува „душата“?
• Што е „анатомијата“ на душата?
• Што е животот?
• Духовен процес или низа на случајности?
• Што значи „ментално болен“?
• Како се подобрува душата?
• Што се случува во моментот на смртта и дали има живот после смртта?

Одговори на сите овие прашања како и на многу други ќе добиете на работилницата.

*************************************************************************************

Во вторник на 27 октомври, пак, Институтот за Енергетска работа од Виена, Австрија и Клаудија Дикман со задоволство ве покануваат на еден многу посебен разговор со Елена Ашвини Антоновска.

Ги покануваме:
• Сите оние кои се сами на патот да постигнат успех во својот живот, што значи Сите!
• сите оние чија што работа се другите луѓе и олеснување на нивните состојби,
• Pranichealing инструктори,
• инструктори за јога,
• духовно ориентирани луѓе,
• сите луѓе кои треба да знаат како се живее животот надвор од нивното секојдневие,
• сите кои можат да го замислат својот живот поуспешен, па и оние кои забележуваат недостаток на успех кај себе, во нивното битие.

Нема да ви откриеме ништо повеќе од насловот: TheRise of a Phoenix – Online-Talk

Поканети сте да споделите со нас, прашате и знаете. ВИЕ не сте сами!

*************************************************************************************

Октомври го испраќаме, а ноември го пречекуваме со зголемена способност да манифестираме.
„Арс Луцида“ на сите вас со задоволство ви ја претставува работилницата „Како да манифестирате се што ќе посакате?“

Тајните на манифестацијата (31.10 – 01.11) е онлајн работилница со која ќе совладате како да ја користите силата на креација и да го трансформирате вашиот живот кон подобро! Ќе научите свесно и успешно да го материјализирате она што е важно за вас!

Ве оставаме со добра мисла, ве очекуваме со радост да се видиме онлајн во светот на дигиталната духовност.

И не заборавајте, енергијата не познава граници!
 

Содржината е прочитана 91 пати.