Бизнис клуб

Приказна во фотографии од промоцијата на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ



Во новогодишниот амбиент на Хотел „Елса“ во Скопје, на 7 декември 2016 година, се случи промоцијата на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ на жени менаџери. Со насмевка на лицата најуспешните жени менаџери, кои биле дел од проектите на агенција „Марили“ присуствуваа на промоцијата на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, каде им беа доделени значки со заштитното лого на клубот. Овој симбол на припадност на клубот го добија и почесните членови. Клубот го сочинуваат жените менаџери кои биле прогласени за најуспешни во изминатите две децении во проектот на „Марили“ насловен „Избор на најуспешни жени менаџери од Р. Македонија и од дијаспората“ и оние жени менаџери кои што ја поддржале хуманитарната донација „Жените за жените“ која беше организирана од агенцијата. Целта на клубот е да ги поврзува пред сè жените менаџери и да им овозможи подобрена деловна комуникација и соработка. Истовремено да им овозможи едукации од областа на современиот менаџмент како и тематски работилници, дискусии и дебати за прашања кои што се важни за положбата на жената во бизнисот. Истовремено, клубот да се поврзува и со другите органиации, асоцијаци и здруженија на жени во бизнисот, и да работи на поширока платформа за детекирање на проблемите со кои што се соочуваат жените во бизнисот и нивно решавање, а за таа цел и поврзување пошироко со вакви искуства од регионот, Европа и светот. Една од трајните заложби на овој клуб е хуманоста посветена на здравјето на жената, на социјално загрозените групи на жени, на болните деца и децата без родителска грижа. Во рамките на клубот ќе се поддржуваат новите идеи, иновации и новини кои што ќе доаѓаат од нејзините членки и агенцијата ќе помага со маркетинг и промоција со сите свои медиумски проекти. Во таа насока се одржа и предавање од бизнис психологија насловено „И во Македонија е возможно!“ а го одржа Г-ѓа Марина Анчевска, генерален менаџер на „Центар за бизнис психологија“ – Скопје. Во прекрасниот амбиент на хотелот „Елса“ следеше пријатна дружба меѓу присутните членови и гости на клубот.
понеделник, 12 декември 2016
Содржината е прочитана 1110 пати.