Апликација за закуп на штанд за тематскиот ден

Ве покануваме да земете учество на тематскиот ден „ДАМА-ДА“ - „Здрајето и убавината во функција на современата жена“ којшто ќе се одржи на 31.03.2018 (сабота) во хотелот Holiday Inn од 10.00-16.00 часот.

Тематскиот ден го организираме по 4-ти пат со ребрендирано лого и назив и тој е посветен на животниот стил на современата жена и за таа цел ќе бидат презентирани едукации од експерти од областа на медицината, фармацијата, козметологијата, личниот развој, развој на кариерата, модата, здравата исхрана и др. Истовремено од истите овие области ќе се претстават со изложбени штандови огромен број компании, а штандовите освен изложбен, ќе имаат и продажен карактер.Во централниот дел на денот ќе имаме и дебата со специјалната гостинка Јелена Бачич Алимпич, позната новинарка, тв водител и писателка од Р.Србија. Дебатата ќе се однесува на тоа што претставува современата жена од денешен аспект и таа ќе биде од отворен карактер. Тематскиот ден ќе продолжи со хуманитарен проект, односно со хуманитарна аукција на слики во која ќе учествуваат и жените менаџери од МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, а собраните средства ќе бидат донирани во ЈЗУ.

Сите заинтересирани компании за вака осмислениот тематски ден, со бројни едукативни, изложбени, дебатни и хуманитарни содржини ги покануваме да се пријават со закуп на штанд со димензии 120х80 (или со сопствен брендиран штанд со истите димензии) за целото времетраење на тематскиот ден заедно со банер на порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk со димензии 250 х70.

Краен рок за пријавување 28.02.2018 година. Бројот на штандови е ограничен!


Контакт информации: Полно име на фирма изложувач согласно печат: *


Овластен потписник: *


Адреса / Град: *


Е-пошта: *


Веб страница: *


Овластено лице за контакт: *


Даночен број:


Телефон на овластено лице за контакт: *


Вашата дејност: *


На настанот ќе ги презентираме следните услуги/производи: *



Вид на закуп: Закуп на штанд на тематскиот ден


 

 

© 2018 Агенција МАРИЛИ. Сите права се задржани.