Одржан „BLUE ECONOMY SUMMIT” во Скопје

Вчера, на 21 септември во Скопје беше одржан  „BLUE ECONOMY SUMMIT”, на кој се обратија евроамбасадорот Дејвид Гир, министерката за животна средина Каја Шукова и првиот човек на „Prime Blue Institute“, Зоран Мартиновски.

За  подобра животната средина, водата како ресурс треба да овозможи економски развој преку искористувањето на потенцијалот за создавање зелени работни места.

Северна Македонија има одлична местоположба и клима, совршени идеи за развој на сината економија, но потребна е поголема институционална поддршка и свест кај приватниот сектор-смета експертската јавност.

Самитот на едно место ги собра амбасадорите, менаџерите на најголемите банки во Македонија, врвни светски експерти за екологија, домашни бизнисмени и проект менаџери кои заеднички дебатираа како да ги зачуваме водите и да се разбуди свеста кај фирмите, а беа пренесени и светски искуства и глобални трендови на овој план.

На самитот  учествува експерти од десет земји и истиот е во организација на „Prime Blue Institute“, во партнерство со CEI (Central European Initiative).

Извор: Иновативност.мк


Статијата е прочитана 269 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско