Бизнис каталог 2019 / летно издание

Ви го претставуваме новото летно издание на Бизнис каталог на Република Северна Македонија. Овој каталог е единствен ексклузивен издавачки проект со традиција од 23 години и сведоштво е на едно време во кое нашата држава минуваше низ големи трансформациски процеси на секој план. Како дел од поранешните ЈУ-простори и економијата што тогаш опстануваше како планско стопанство, со стекнувањето на независноста мораше да се приспособи на капиталистичкото пазарно стопанство, а на страниците на овој каталог тоа го презентиравме преку многубројни промоции на компании, пред сѐ, од приватниот сектор. Каталогот се менуваше во подинамична форма објавувајќи интервјуа со голем број бизнис-фактори, чии примери на успешно стопанисување беа значајниот репрезент на македонската економија.

Наша длабока културна вредност беше и останува најголемата лична карта за ова парче земја со библиско значење и затоа секогаш е прва на страниците на овој каталог. Таа зборува за нашиот идентитет, традиција и јазик. И во ова издание е така, говориме за нашите културни брендови по кои сме препознатливи во Европа и во светот.

Говориме и за успешноста на женското менаџерство што е претставено преку голем број бизнис-интервјуа, но и со репортажа од манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ – проект што паралелно со каталогот опстанува 23 години и претставува симбол на успехот на жената во бизнисот на овие простори. Тука е и репортажата од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“, кој му е посветен на современиот животен стил на жената. Ова е проект што постои пет години и во текот на овој период постојано се збогатува со нови содржини.

Но во каталогот има и содржини за авангардните личности од модниот дизајн, за културната програма на Охридско лето, како и содржини од спортот, за хитот на сезоната фудбалскиот клуб Академија Пандев и др.

Дијалектиката на општеството што постојано се менува, трансформира, приспособува на современото живеење постојано е присутна во овој проект. Економијата што во маркетиншка смисла е најзастапена низ страниците и која е најживотворната компонента на опстојувањето во современото општество е базичната инспирација за агенцијата „Марили“.

Веруваме дека ќе продолжиме во таа насока и дека и понатаму ќе бидеме присутни низ современите електронски форми на презентација на нашиот портал www.marili.com.mk , а остануваме присутни и во бизнис и во ВИП-салоните на аеродромите на ТАВ Македонија во Скопје и во Охрид.

Каталогот ги одразува сите наши напори за евроинтеграциските процеси на земјата и ги поканува сите економски субјекти да се информираат за нашите бизнис-можности и да се запознаат со развојните компоненти на нашата млада држава.

 


Статијата е прочитана 47 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско