Бизнис вести

Продолжен рокот за аплицирање за финансиска поддршка за центрите за странски јазици

среда, 23 декември 2020

Рокот е продолжен до 28 декември до 11:59 часот, а еднократната финансиска помош е во вредност од 43.500 денари по вработен

Центрите за стански јазици можат да аплицираат за финансиска поддршка најдоцна до 28 декември до 11:59 часот. Владата им излезе во пресет на здруженијата на центри за странски јазици и на едукативните центри за деца кои бараа продолжување на рокот за аплицирање за грантови за регистрирани компании во оваа дејност.

Центрите за странски јазици и едукативните центри за деца аплицирањето за грантови треба да го извршат со доставување барање на електронската пошта: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk, со што добиваат можност за еднократна финансиска помош во вредност од 43.500 денари по вработен.

Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат следните документи: тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 месеци; уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 месеци и список на вработени по даночен обврзник заверен од Агенцијата за вработување не постар од 15 дена.

 

Содржината е прочитана 460 пати.