Меѓународниот ден на жената 8 Март е датум што обврзува

Меѓународниот ден на жената кој е востановен како празник во 1910 година кога под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените на која е одлучено да се прославува меѓународен ден на жената, претставува постојана битка на жените за еднакви права – право на глас, скратено работно време и подобра плата.

Денес, и покрај остварувањето на сите овие права од минатиот век жените ја продолжуваат својата битка на различни нивоа во сите сфери на животот. Кај нас таа битка продолжува за поголема застапеност на жените на одлучувачки позиции, во управувачките структури во општеството и посебно во бизнисот. Особено е евидентна борбата на жените во руралните средини кои неодамна се изборија за право на еднаква сопственост на земјиштето, за подобрување на инфраструктурата, за изградба на детски градинки, за се она што ќе им го олесни животот и работењето во нивната средина.

Меѓународниот ден на жената не обврзува да го зачуваме се она што сме го стекнале низ долгогодишната битка. На тоа особено потсетуваат последните кризи наметнати од пандемијата каде се забележува зголемено насилство врз жените и губење на работните места.

Битката за еднакви права на жената во бизнис сферата е инспирација за агенција „Марили“ веќе четврт век, која давајќи поддршка на женското менаџерство, лидерство и претприемаштво се посвети преку циклус проекти на зголемување на свеста на општеството за надминување на стереотипите за местото и улогата на жената и за нејзина поголема застапеност во бизнисот.

Проектот „Избор на најуспешни жени менаџери“ е веќе 26 години поддршка и промоција на женското менаџерство и лидерство, а годинава продолжува во регинални размери да ги поттикнува жените и да им овозможи размена на идеи, искуства и соработка. Оваа манифестација која регионално е со најдолга традиција на Балканот, заедно со Бизнис каталогот претставува промотор на успешните бизнис приказни на жените во нашата земја кои истовремено поттикнуваат нови идеи за развој на женското менаџерство и претприемаштво.

Во таа насока е и постоењето на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ кој ги поврза, пред се, жените менаџери од сите досегашни манифестации и им овозможи взаемна соработка и вмрежување, размена на идеи и искуства, едукации, работа на хуманитарни проекти и регионално поврзување со проекти од различен вид посветени на женското лидерство во бизнисот.

Агенција „Марили“ не запира. Годинава продолжува по веќе трасираниот пат, но со нови насоки и својата цел да ја афирмира позицијата на успешната жена ја остварува преку уште еден нов проект, Марили Бизнис Форум кој ќе има регионален карактер и треба да даде одговор на концептите за развој на личниот менаџмент и женското лидерство на патот кон современата бизнис раскрсница, особено во услови на кризи.

Агенција „Марили“ ги охрабрува жените да бидат креативни, упорни, амбициозни и да ги искористат своите потенцијали.

Денеска прослави го твојот ден. Биди мудра, достоинствена, храбра и силна, а истовремено и нежна и внимателна. Овој ден нека ти биде посебен, а секој нареден уште подобар. Затоа што си жена и затоа што ти го заслужуваш тоа!

ЧЕСТИТ 8 МАРТ


Статијата е прочитана 327 пати.

Сподели: