Во Охрид почнува 15. конференција за плаќања и платежна инфраструктура

Денеска во Охрид започнува дводневната 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по петнаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко согледување на можностите и предизвиците кај платежните услуги преку отворена и плодна дискусија. Годинава Конференцијата е насловена „Обликување на платежните иновации“ и ќе се одржи од 29 до 30 јуни во Охрид.

Јакнење на финансиската рамка на патот кон Единствената европска платежна област ̶ СЕПА преку поврзување на платежната инфраструктура на Западен Балкан со инфраструктурата на Европската Унија, дигиталните валути на централните банки ширум светот, тековните состојби, очекувањата и стратегиите поврзани со нив, отвореното банкарство и иднината на финансиските услуги коишто се во склад со финтек, се дел од темите на кои ќе дебатираат претставници на голем број централни банки, деловни банки, небанкарските даватели на платежни услуги и други институции.


Статијата е прочитана 184 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско