Битиќи: ЕВН Хоум на 1 декември треба да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите

ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пренесува МИА. 

 

Според Битиќи, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа.

„Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со цени кои се аплицираат од 1 јули до крајот на годината и со самото кажување дека на 1 декември треба да стартува евтината дневна тарифа, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. Можам да им дадам помош на ЕВН Хоум ако немаат, ќе одам лично да ги сетирам броилата“, ако е тоа проблемот – истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.


Статијата е прочитана 221 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско