Националната мрежа на земјоделци бара интервентен откуп на пченицата

Националната мрежа на земјоделци бара интервентен откуп на пченицата. Претседателот на Националната мрежа на земјоделци, Ѓорѓи Каракашев вели дека треба да се земи во предвид законските одредби односно, Член 40 од Законот за земјоделие и рурален развој, а во кој какошто вели децидно се уредува условите под кои државата врши интервентен откуп по која методологија динамика и цени.

„Во Член 40, односно овде јасно се посочува дека доколку пазарната цена на житариците е под производната цена тогаш државата по закон врши интервентен откуп со цел заштита на цените континуитет во производството како и економска одржливост житариците како стратешка култура за државата. Притоа интервентната откупна цена мора да е над производната цена зголемена за 25%. Овде законот е јасен и недвосмислен и секој обид да се релативизира состојбата со некои скромни средства под име субвенции и со цени далеку под производните е ништо друго освен обичен и вулгарен грабеж и уништување на индивидуалното земјоделско производство во државата“, вели Каракашев.


Статијата е прочитана 211 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско