Македонија на 22. место во светот по производство на вино за 2022 година и меѓу првите 15 држави на скалата по девизен прилив

Северна Македонија e на 22. место во светот по производство на вино за 2022 година и e рангирана во првите 15 држави на скалата по девизен прилив пресметан во долари, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, повикувајќи се на податоците од Меѓународната организација за вино (OIV) и од World Top Export.

Најголем светски производител е Италија со 49,8 милиони хектолитри вино, потоа следуваат Франција, Шпанија, САД, Австралија, Чиле.

Топ 10 ги комплетираат Германија со 8,9 милиони и Португалија со 6,7 милиони хектолитри вино. Интересно е што Грција и Грузија произвеле исто количество вино, по 2,1 милион хектолитри, што е речиси двојно повеќе од Романија со 3,9 милиони хектолитри.


Статијата е прочитана 262 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско