Германски БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје

Германската компанија за напредни батериски системи БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје, инфирмираат за МИА од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Инвестицијата ќе стартува како браунфилд, на постоечки објект во ТИРЗ Скопје 2.

Договорот ќе биде потпишан денеска во седиштето на БМЗ во Франкфурт од извршниот директор и основач Свен Бауер и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија.

Компанијата БМЗ произведува батерии за мопеди, тротинети и други производи од индустријата.

Битиќи и Деспотовски во Франкфурт утре ќе учествуваат на тркалезна маса со германски стопанственици пред кои ќе го претстават инвестицискиот потенцијал на Северна Македонија.

Според истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК) и Македонско – германското стопанското здружение, објавено во јуни годинава, 80 проценти од постојните германски инвеститори повторно би инвестирале во државава.

Во анкетата, спроведена во февруари и март годинава со учество на 45 од вкупно 150 членки на здружението, 80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава.

Германија е првиот од петте трговски партнери на Северна Македонија според вкупниот обем на надворешно-трговската размена. Размената лани достигна 4,8 милијарди евра.


Статијата е прочитана 219 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско